Избор на највелигденско јајце во Центарот за култура во Струга
- Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, в недела на 18 април, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Избор на највелигденско јајце“ во организација на драмското студи „Миладин“ и хорот „Калистрат Зографски“.
Струга, 15 април 2026 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, в недела на 18 април, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Избор на највелигденско јајце“ во организација на драмското студи „Миладин“ и хорот „Калистрат Зографски“.
На изборот за највелигденско јајце, според Ристе Миладинов, може да учествува секој граѓанин без разлика на пол и возраст.
Ден претходно, како што појасни, во Центарот за култура, ќе има отворена работилница каде што децата ќе можат да ја изразат својата креативност и да декорираат Велигденски јајца со кои ќе учествуваат на изборот.
- Отворената работилница ја организираме за да дадеме можност за креативност кај најмладите на отворено, а во конкуренција влегуваат и декорирани јајца кои учесниците ќе ги донесат од дома, вели Миладин.
Покрај највелигденско јајце, додаде, ќе се избира и најдобра песна, најдобар состав и најдобар цртеж.
Пристигнатите експонати ќе бидат изложени во Центарот за култура, а програмата треба да продолжи со беседа на отец Стефан Санџакоски и настап на хорот „Калистрат Зографски“. За љубителите на драмската уметност, членовите на драмското студио „Миладин“ ќе ја одиграат претставата „Треба да се простува“.
Настанот ќе заврши со доделување на награди за најдобрите. сс/вг/
Фото: постер