• петок, 17 мај 2024

До крајот на неделава стабилно и суво време, со пад на утринските температури

До крајот на неделава стабилно и суво време, со пад на утринските температури

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, но утринските температури ќе бидат во опаѓање, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавите, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Времето денеска променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Времето во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. сст/

фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан