• вторник, 11 јуни 2024

Љубовни стихови на поетска вечер во општина Илинден

Љубовни стихови на поетска вечер во општина Илинден

Скопје, 17 мај 2024 

- ,,Интимно соѕвездие” беше насловот на поетската вечер посветена на современата македонска љубовна поезија, во Домот на култура ,,Илинден” со која беа заокружени Деновите на културата во општина Илинден. 

Јубилејната 25-та Поетска вечер ја отвори покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој во своето поздравно обраќање истакна дека честа е голема да се биде дел од ваков настан од областа на културата, а посебно да се биде домаќин и да се биде во друштво со толку еминентни автори од земјава и странство. Задоволство е гоемо што оваа манифестација ја организираме заедно со ДПМ.

-Меѓународната литературна манифестација „Илинден“ постои веќе четвртина век, годинава се навршија точно 25 години од нејзиното постоење и успешно одржување. Програмата на манифестацијата постојано се менува, подобрува и збогатува, а сведоци за тоа се бројните учесници и гости од Републикава и странство, но и верната публика од Општината Илинден, Градот Скопје, но и од другите населени места. Оваа манифестација одамна не е само општинска и градска, односно скопска, туку е меѓународна. За неа се знае и надвор од нашите граници, па учеството за литературните творци од земјава и странство – претставува голема радост и огромна привилегија. Манифестацијата е навистина ретка и значајна, специфична и оригинална, посакувана и привлечна, и во вистинска смисла на зборот е меѓународна, мултимедијална и мултикултурна, изјави градоначалникот Георгиевски.

Со современите македонски љубовни стихови, за незаборавна поетска вечер се погрижија Христо Петрески, Лидија Размоска Тримовска, Елена Пренџова, Иван Џепаровски, Виктор Радун од Србија, Ленче Милошевска, Кристина Николовска, Раде Силјан, Ивана Велиновска-Боцеска, Славица Урумова-Марковска, Анита Бошкова, Лилјана Стоилковска, како и Миле Јовановски-Поречанец.

Во рамки на поетската вечер беше промовирано посебно издание – книга со текстовите на учесниците од минатата година, „Идентитетот, татковината“ Зборник со литературни прилози. 

На сите учесници на манифестацијата градоначалникот Александар Георгиевски им додели посебни признанија за особен придонес во афирмацијата на културата и културниот развој на Општина Илинден. Манифестацијата беше затворена со настап на прекрасното женско трио Trinity Strings.

Општина Илинден 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Општина Илинден 

                                                                 

 

Остани поврзан