• среда, 24 јули 2024

Во Велес отворена изложба „Калиопа Австрија и Северна Македонија, Жените во општеството, културата и наукaта“

Во Велес отворена  изложба „Калиопа Австрија и Северна Македонија, Жените во општеството, културата и наукaта“

Велес, 15 мај 2024 (МИА) - Народниот музеј од Велес, во соработка со Австриската амбасада во Ликовниот салон во Велес ја отворија патувачката изложбата со наслов „Калиопа Австрија и Северна Македонија, Жените во општеството, културата и науките“ која е претставена на 12 паноа и една слика реплика од Емили Флеге.

Изложбата ја отворија и за неа говореа  Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, претставникот на ЕВН во Скопје Волфганг Мајер, чија компанија го финансираше богатиот четиријазичен каталог каде се претставени сите жени од изложбата и директор на Народниот музеј Ангел Коруновски.

На оваа изложба се претставени животните приказни на 48 жени Австријки во последниве 200 години, аристократи, уметници, салонски жени, научници, активисти за женски права, политичари, актерки, музичари, лекари, сценски режисери и новинарки  во хронолошка форма. На изложбата се  претставени, првите  четири македонски ликовни уметнички: Катја Ефтимова, Кераца Висулчева, Лена Стефанова и Борка Аврамова.

Австрискиот Амбасадор Памер истакна дека изложбата е пригода да се потсетиме и регистрираме колку жените напредувале низ годините и што треба да направиме за да обезбедиме еднаквост.

-Низ фотографии и текстови од последните 200 години презентираме австриски жени, кои со голeмитe достигнувања, со храбpоста и борбеноста дале белег за својата земја и ја збогатиле нејзината историја. Тоа се познати писателки, научнички, музичарки, активистки за женски права, политичарки, аристократки, владетелки, уметнички, ќе научиме многу за австриската историја, потенцира амбасадорот Памер.

Во информацијата за МИА, појаснува дека целта на изложбата е да се запознаеме со значајни австриски жени, а во неа се вметнати и четири значајни жени сликарки – Македонки. Целта е да се прикаже борбата на жените и нивната храброст за недискриминација и дека таа борба е успешна и оди понатаму.

-Воедно изложбата ја презентираме во вашата земја и тука во Велес со цел вашите граѓани подетално да се запознаат со историјата на Австрија. Има некои настани кои се познати од историјата, но, главно оваа изложба претставува нешто ново и тоа за жени - австријки кои малку и се познати на вашата јавност а преку нив се запознавате и подетално со Австрија од разни области во подолг период, истакна Палмер.

Воедно потенцира дека двете земји имаат одлична соработка.

-Ние тука имаме многу австриски компании и имаме заедничко минато, културни врски и мостови. Имаме многу ваши граѓани кои жевеат во Виена и Австрија и обратно многу наши граѓани од Австрија кои живеат и работат тука. Мојата цел како Амбасадор и за зацврстување на таа наша соработка, истакна амбасадорот Памер

Воедно потенцира дека со свои пријатели веќе шести пат го посетува Велес, а ја посетил и црквата „Свети Пантелејмон“ и има планови да се запознае и со другите културни и природни знаменитости на Велес и регионот.

Директорот на велешкиот музеј Ангел Коруновски за МИА истакна дека изложбата е насловена по најстарата и најмудрата муза Калиопе и е посветена на австриските и македонските жени како лидери во своите области, како единки кои влијаеле во политиката, културата, образованието. 

По Скопје и Велес изложбата ќе биде претставена и во Битола, Охрид и други градови во земјава. ад/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан