• сабота, 18 мај 2024

Невреме со град во Пробиштип

Невреме со град во Пробиштип

Пробиштип, 23 јули 2023 (МИА) - Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.

Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17.30  било проследено со силен ветар и  град, а како што велат се траело кратко  околу пет до десет  минути.

Локалната власт се уште нема информации дали има штети на инфраструктурата и на домаќинствата, а исто така и на земјоделските површини.  вдј/лв/

Фото: МИА 

Остани поврзан