На тетовскиот Интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДАВо ќе се прикажат 43 филмови
- Во Тетово од утре до сабота ќе се одржува 12-тото издание на тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Оваа година фестивалските филмови ќе бидат прикажани во простории на Универзитетот во Тетово, на отворен, како и во сценската сала на Факултетот за драмски уметности во Центарот за култура во центарот на градот.
Тетово, 3 јули 2023 (МИА) - Во Тетово од утре до сабота ќе се одржува 12-тото издание на тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Оваа година фестивалските филмови ќе бидат прикажани во простории на Универзитетот во Тетово, на отворен, како и во сценската сала на Факултетот за драмски уметности во Центарот за култура во центарот на градот.
- Имавме 2941 апликација од 112 земји во светот. Ќе прикажеме оваа година 45 филма во категориите Сине Балкан Панорама, Кратка фикција, Кратки документарци, Кратка анимација и Студенски филм. Во категоријата Вин Панорама годинава имаме четири поткатегории за краткометражен филм. Ќе имаме Сине Балкан Панорама категорија со учество на филмови направено во последните две години на Балканскиот регион. Имаме европски премиери со интересни филмови присутни на големи филмски настани, изјави Агим Абдула, дел од организацијата на фестивалот и член на жирито за краткометражни филмови.
Одлуката за награди на филмовите учесници на ова издание во балканска конкуренција ќе го прави жирито во состав Калтрина Красниќи (режисер), Лазар Секуловски (монтажер) и Рефет Абази (актер). Жирито во категориите кратки филмови годинава го сочинуваат Илире Винца (актерка), Флоња Кодели (режисер) и Чигдем Сезгин (режисер).
По свечено отворање утре од 20 часот и 30 минути на отворено во амфитеатарот на Ректоратот на Универзитетот во Тетово, ќе се прикаже и првиот филм „Албанската девица“ во режија на Бујар Алимани и копродукција на Албанија, Германија, Белгија и Косово.
Во салата на Факултетот за драмски уметности освен дел проекција на краткометражните филмови секој ден ќе има и тркалезни маси со авторите на филмовите.
За сите проекции влезот е слободен. ас/цр
Фото : МИА