• недела, 22 декември 2024

Таравари: ДУИ ги губи изборите од 2011 година, Ахмети секогаш ја делеше албанската опозиција

Таравари: ДУИ ги губи изборите од 2011 година, Ахмети секогаш ја делеше албанската опозиција

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Министерот за здравство и прв човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека Али Ахмети веќе неколку пати ги изгубил изборите, и тоа прво уште во 2011, но оти неговата кариера ќе заврши по локалните избори следната година.

-Реално господинот Ахмети ги загуби изборите уште во 2011 година. Трите тогашни албански опозициски партии кои не успеаја да се обединат, мислам на ДНП, НД и ДПА имаа повеќе гласови од ДУИ. Практично, необединувањето на овие опозициски албански партии му овозможи на Ахмети малку повеќе гласови. Во 2016 година Беса, ДНП, НД-ДПА, Обединување и ДПА имаа многу повеќе гласови од Ахмети, но повторно тој успеа со механизмите што ги има да го оневозможи обединувањето на албанската опозиција, рече Таравари во Клик Плус на ТВ 21.

Таравари смета дека е апсурдно само пет месеци по изборите повторно да има нови избори.

-Пет месеци по изборите, повторно барање за избори, мислам дека е одреден проблем што треба да го има господинот Ахмети како храна за своето членство. На почетокот „знаеше“ дека ВРЕДИ нема да може да влезе во Владата. Затоа што има црвен телефон и некој ќе му се јави на господинот Ахмети и тој ќе стане дел од Владата. Потоа велеа дека оваа власт нема капацитет да издржи ни 100 дена. Поминаа 100 дена и сега велат дека оваа Влада нема да издржи до Нова година, рече Таравари.

Барањето на коалицијата ВРЕДИ Ахмети да си даде оставка доколку изгуби на локалните избори, се интензивира како противнапад на изјавата на Европскиот фронт, од каде бараат тие да се повлечат од Владата на премиерот Христијан Мицкоски и да ја одведат земјава на предвремени парламентарни избори. Одговорот на Ахмети беше дека ако има и еден глас помалку на локалните избори ќе си поднесе оставка од лидеркста позиција во ДУИ. сст/аа/

фото принтскрин

Остани поврзан