Се запали автомобил на автопатот Велес - Скопје, повредени нема
- На автопатот Велес - Скопје, попладнево по 17 часот по патарината Отовица избувнал пожар на автомобил во движење. Како што информираа за МИА, од Територијалната противпожарна единица Велес тие биле повикани на интервенција во 17:05 часот и се упатиле веднаш со една пожарна и четири пожарникари и за кратко време го изгаснале возилото. Според нив, повредени немало.

Велес, 5 ноември 2024 (МИА) - На автопатот Велес - Скопје, попладнево по 17 часот по патарината Отовица избувнал пожар на автомобил во движење. Како што информираа за МИА, од Територијалната противпожарна единица Велес тие биле повикани на интервенција во 17:05 часот и се упатиле веднаш со една пожарна и четири пожарникари и за кратко време го изгаснале возилото. Според нив, повредени немало.
Во Брза помош Велес, за МИА информираат дека тие не биле повикани. ад/аа/
Фото: МИА архива