• недела, 19 мај 2024

На патот Свети Николе - Миладиновци сообраќајот по една коловозна лента поради голем одрон

На патот Свети Николе - Миладиновци сообраќајот по една коловозна лента поради голем одрон
Скопје,18 јануари 2022 (МИА) - На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. Од АМСМ информираа дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/мч/

Остани поврзан