• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави - МКД

20 мај 2024

Скопје - Одбележување на Денот на логистичката база, на кое ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага. (Касарна „Илинден“/10:00, сниматели и фоторепортери да пристигнат пред пријавницата во касарната до 9:40)

Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја одбележува 75-годишнината од основањето и Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај

- Доделување награди на најдобро дипломираните студенти за учебната 2022/2023 година и на наградата „26 Јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. (Ректорат, свечена аула/11:00)

Скопје - „Македонско-српски лингвистички средби“ во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Институтот за српски јазик при САНУ. (Сала за седници/Амфитеатар на Институтот за македонски јазик/11:00)

Скопје - Одбележување  на Светскиот ден на пчелата, под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. (Плоштад „Филип Втори“ во Автокоманда/11:00, вториот дел на настанот е на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“/12:45)

Скопје - „Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights“. (Мала сала на Филхармонија/15:00 -17:00, изјави за медиумите во 14:45)

Скопје - Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај, во организација на Град Скопје. (Противпожарна бригада на Град Скопје/11:00)

Битола - Одбележување на 20 Мај - Денот на македонските пожарникари. (ТППЕ Битола/ 11:00)

Тетово - Градоначалникот на општина Тетово Биљал Касами ќе учествува на активноста „Отворен ден“ што ја организираат средните училишта во Тетово. (Плоштад „Илириа“/11:00, предвидена е изјава за медиумите)

Куманово - „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар. (Дом на култура во Куманово/12:00)

Скопје - Концерт по повод Светскиот ден на хармониката. (Музеј на македонската борба за самостојност/20:00)

Скопје - Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. (Драмски театар/19:30)

Скопје - Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“. (Во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

Чачак - Во рамки на четвртото меѓународно биенале во Чачак, ќе биде претставена монографија посветена на учеството на српските графичари на меѓународното графичко триенале во Битола во периодот од 1994 до 2021. (Народен музеј во Чачак)

Скопје - Прес-конференција по повод започнувањето на турнирoт Macedonian Open 2024 – ATP Challenger 75. (Тениски клуб „Југ“ – Градски парк Скопје/13:00)
 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан