• сабота, 22 јуни 2024

Најмалку 31 лице загина во поплавите и свлечиштата на Филипините

Најмалку 31 лице загина во поплавите и свлечиштата на Филипините
Манила, 28 октомври 2022 (МИА) - Најмалку 31 лице загина во поплавите и свлечиштата на југот на Филипините, јавија дел од британските медиуми. Во тек е спасувачка операција и се трага по исчезнати лица. Поплавите го погодија островот Минданао. Филипините се во состојба на готовност поради тропската бура Налга што треба да ја погоди земјата в сабота или недела. Според метеоролозите, обилните дождови се најава на невремето што следува. Евакуирани се околу 5.000 луѓе на северниот дел од Филипините. бд/сд/

Остани поврзан