• недела, 28 април 2024

Најмалку 1.038 лица се поврдени во земјотресот во Тајван , 42 работници се водат за исчезнати

Најмалку 1.038 лица се поврдени во земјотресот во Тајван , 42 работници се водат за исчезнати

Хуалиен, 4 април 2024 (МИА) - Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е девет, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати. 

Работниците во моментот на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон Националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив била главна цел, пренесуваат британските медиуми. 

Планирано е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и доколку се најдат, да им се достават залихи што е можно поскоро. Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област. 

Во градот Хуалиен заврши спасувањето на луѓето кои останаа заробени во урнатините на зградите. 

Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен. 

Тоа беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се стресоа, но претрпеа минимална штета. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан