• недела, 19 мај 2024

„Отворен ден на УКИМ“ на сите факултети на Скопскиот универзитет

„Отворен ден на УКИМ“  на сите факултети на Скопскиот универзитет

Скопје, 1 декември  2023 (МИА) - „Отворен ден на УКИМ“ организира денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје на секој од факултетите во негов состав,  во два термина - од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.

-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програми, соопшти УКИМ.

Отворениот ден е можност тие да се запознаат и со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања поврзани со  студентскиот живот. хс/вј/

Фото: УКИМ 

Остани поврзан