• понеделник, 22 јули 2024

Без вода дел од општина Карпош

Без вода дел од општина Карпош

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе останат жителите од населба Трнодол, а од 10 часот корисниците од улицата „Козле“, крак 6 во Општина Карпош.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот во Трнодол е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 милиметри на улица „Кнез Трпимир“ бр. 24. 

Вториот прекин е поради изведување водоводен приклучок на улица „Козле“ 3б.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан