• четврток, 21 ноември 2024

Општина Центар: Санкционирани 206 непрописно паркирани возила

Општина Центар: Санкционирани 206 непрописно паркирани возила

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) – Санкционирани 206 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар во извештајот за минатата недела, од 15 до 21 јули.

Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот,  нагласуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/ев/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

 

Остани поврзан