Јанчев: Клучен фактор во борбата против загадувањето е и правилното загревање на домаќинствата
- Поделени биле флаери во централното градско подрачје за граѓаните да бидат запознати со влијанијата од загадениот воздух.

Кавадарци, 15 јануари 2025 (МИА) - Клучен фактор во борбата против загадувањето е и самото население, кое со залагање за правилно загревање на домаќинствата, би придонело значително да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, се наведува попладнево на страницата на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на „Фејсбук“.
Поделени биле флаери во централното градско подрачје за граѓаните да бидат запознати со влијанијата од загадениот воздух.
- Служби од Општина Кавадарци во соработка со здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко-живот“ и нивни претставници, во текот на денешниот ден им поделија флаери на граѓаните во централното градско подрачје, со што истите беа запознати за влијанијата од загадувањето на воздухот, се додава во објавата на „Фејсбук“. свд/бд/
Фото: „Фејсбук“ на Митко Јанчев