• петок, 21 февруари 2025

Нови инструменти за Музичкото училиште „Стефан Гајдов" од Велес

Нови инструменти за Музичкото училиште  „Стефан Гајдов

Велес,15 јануари 2025 (МИА) - По завршување на распустот наставниците и учениците од Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес од понеделник ќе можат да учат и да се надградуваат со нови инструменти. Средствата за набавка беа обезбедени од Општина Велес пред крајот на 2024 година со што уште еднаш се даде приоритет на квалитетот на образованието во општината, информира градоначалникот Марков Колев.

Набавени се едно пијанино, четири клавинови, две виолончела и една  флејта, информира за МИА, Габриела Бачманова директор на музичкото училиште. Воедно најави дека и во текот на оваа 2025 година ќе бидат набавени нови инструменти: вилоини, гитари и традиционални народни инструменти со што ќе се обноват постоечките, дотраени инструменти.

Во ООМУ „Стефан Гајдов“ во учебната 2024/25 година се школуваат 165 ученици.

Бачманова информира и дека неодамна бил реконструиран и покривот на зградата на музичкото училиште, а и внатрешно се дотеруваат и средуваат кабинетите и училниците, со што се создаваат подобри услови за изведување на наставата.ад/са/

Фото: 

 

Остани поврзан