• четврток, 16 мај 2024

Напад со дрон врз рафинерија за нафта на околу 200 километри од Москва, има повредени

Напад со дрон врз рафинерија за нафта на околу 200 километри од Москва, има повредени

Москва, 13 март 2024 (МИА) - Нафтена рафинерија утрово беше цел на беспилотно летало во Рјазан, на околу 200 километри југоисточно од Москва, изјави регионалниот гувернер, додавајќи дека во нападот има повредени и дека избувнал пожар.

„Нафтената рафинерија Рјазан беше цел на беспилотно летало. Според првичните информации, има повредени“, напиша гувернерот Павел Малков на Телеграм.

Рафинеријата е управувана од нафтениот гигант Росњефт и е еден од најголемите производители на гориво за централна Русија.

Беспилотно летало е соборено денеска кога се приближило до рафинеријата за нафта во областа Ленинград, во близина на Санкт Петербург, објави регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.

Тој додаде дека во нападот нема жртви и не е причинета штета. паг/

Фото: МИА архива


  

Остани поврзан