• сабота, 18 мај 2024

Муцунски обвини за неисполнети ветувања од центрaлната и локалната власт во Ресен

Муцунски обвини за неисполнети ветувања од центрaлната и локалната власт во Ресен
Ресен, 31 март 2021 (МИА) – Пратеникот Тимчо Муцунски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ денеска беше во посета на Ресен, од каде обвини за неисполнети ветувања од централната и локалната власт, со кои би се решиле проблемите на жителите во Преспанскиот регион. Тој се осврна на, како што рече, проблемите со откупот на јаболкото, немањето решение за Преспанското Езеро, како и за отворањето на граничниот премин „Маркова нога“. - Гледаме еколошка катастрофа со езерото, многу ветувања дадени, многу грижа од страна на експерти, од локална заедница, но никакво решение на проблемите. Ветен е нов граничен премин „Маркова нога“, но исто така нема ни збор за отворање на тој граничен премин којшто ќе значи многу за економијата и за севкупниот развој на целиот овој регион, изјави Муцунски. Посочи дека се потребни решенија за проблемите со кои се соочува, како што рече, не само оваа општина, туку и целата држава. сс/aa/

Остани поврзан