• четврток, 02 мај 2024

Млади од Кавадарци реализираат проекти за промоција на хумани вредности 

Млади од Кавадарци реализираат проекти за промоција на хумани вредности 

Кавадарци, 29 март 2024 (МИА) - Млади од Кавадарци, со шест микро проекти учествуваат во активности за промоција на хумани вредности, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. 

- Во рамките на овогодишната програма на Црвениот крст ЦКА-ПХВ ( Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности), наменета за младите волонтери, Црвениот крст Кавадарци учествува со проекти што ги изработија младите кои доаѓаат од сите основни училишта во општината и треба да ги довршат до крајот на месец април. Учениците се под менторство на дисеминаторот Даниела Лазовска од Црвениот крст, која ја следи и координира реализацијата на сите активности, појасни Димитар Каракулев, претседател на Црвениот крст. 

Тој соопшти дека децата имаат голема поддршка од наставниот и раководниот кадар од училиштата, како и од Црвениот крст Кавадарци. 

Каракулев нагласи дека минатата година, со ваквите проекти, беше освоено првото место во државата. свд/мч/

фото: Црвен крст Кавадарци

Остани поврзан