• петок, 22 ноември 2024

Сајкоски од Дебар: На 8 мај ќе ја прославиме најголемата победа во историјата со која почнуваат промените

Сајкоски од Дебар: На 8 мај ќе ја прославиме најголемата победа во историјата со која почнуваат промените

Дебар, 2 мај 2024 (МИА) - Ние градевме фабрики, носевме инвестиции, градевме инфраструктура, го подобрувавме образованието, вложувавме во државата, а тие се криминалци, кои ден по големата наша победа ќе мора да одговараат за штетите што ги направија во сите сектори, порача од митингот во Дебар, Ѓорѓија Сајкоски, носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во 5. Изборна единица.

Владата на СДСМ и ДУИ, ја обвини, како што рече за неизградбата на автопатот Кичево-Охрид, патот Извор-Бошков Мост, додавајќи дека „потрошија стотици милиони евра наши пари, на народот, украдоа стотици милиони евра, но да знаат дека тие пари ќе ги вратат“.

-Државава на направија најзадолжена држава, во моментот долгот е 65 отсто од БДП. Сите влади во Република Македонија ја задолжија држава со 4,5 милијарди до 2016 година, ова влада за само 7 години ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Затоа мора да ги казниме, да ги казниме со пенкало, на 8 мај со масовна излезеност и даден глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и за Гордана Силјановска-Давкова за претседател, рече тој.

При тоа ги повика сите жители во поширокиот дебарски регион, Македонци, Албанци, Турци, Роми да се обединат, зашто обединети, како што рече, „можеме да го победиме криминалот, да ја победиме корупцијата и обединети ќе ја градиме државата“.

Искажа убеденост во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и почеток на промените.

-На 8 мај ќе ја забележиме најголемата победа во историјата, бидејќи ве имаме вас, најголемите поддржувачи, истрајни борци, луѓе коишто низ годините покажаа дека не се плашат. Не се плашат да го кренат гласот против криминалот, не се плашат да зборуваат против корупцијата, не се плашат да излезат и на улица, меѓутоа не се плашат да излезат и на избирачко место и да гласаат за онаа опција во која се убедени дека ќе донесе подобар живот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече меѓу другото Сајкоски.

Пред граѓаните на Дебар, Центар Жупа и од подрачјето на Река се обратија и доктор Мевмед Џафери и Леон Мерсоски, кои се на кандидатската листа за пратеници. вт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан