• петок, 17 мај 2024

Ново спортско игралиште во Општина Карбинци

Ново спортско игралиште во Општина Карбинци

Карбинци, 2 мај 2024 (МИА) - Децата во село Таринци,Општина Карбинци од денеска имаат ново спортско игралиште. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека уредувањето на ова  игралиште е само дел од проектите, кои што треба да се реализираат во иднина, а меѓу кои и неколку нови детски игралишта. Тој истакна  дека во текот на оваа година ќе бидат инвестирани уште пет милиони денари за спортски терени.

-Од денес па натаму најмладите ќе имаат можност да се рекреираат по модерни услови. Услови какви што се нормални и модерни за денешно време, ова е дел од низата проекти кои што се случуваат во Општина Карбинци во рамките на оваа календарска година. Проектот е во склоп со уште неколку детски игралишта кои што добија ваква модерна тартан подлога, рече Паунов.

Во иднина се планирани неколку проекти, меѓу кои изградба на нова детска градника, спортска сала, како и реконструкција и модернизација на каналите за наводнување кои што се од особено значење за земјдоделците во Карбинци. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан