• петок, 10 мај 2024

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Скопје, 2 мај 2024(МИА) – Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Посочуваат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.ад/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан