• понеделник, 20 мај 2024

Мишел: ЕУ реши да започне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Мишел: ЕУ реши да започне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Брисел, 14 декември 2023 (МИА) – Лидерите на земјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс. 

- Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, наведе Мишел. 

Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите. 

- ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, додаде Мишел во објавата. 

Според него, ваквите одлуки се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан