• четврток, 16 мај 2024

Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи

Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи

Рим, 16 ноември 2023 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со фаворитот Италија.

- Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ 3 во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме, изјави Милевски на вечерашната прес-конференција. 

Натпреварот ќе биде од претпоследното коло во групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Во досегашните четири меѓусебни натпревари двете репрезентации имаат по една победа, а два натпревара завршија нерешено. 

Средбата меѓу италијанската и македонската репрезентација ќе се игра утревечер во Рим со почеток во 20:45 часот. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан