• среда, 08 мај 2024

МИА Општински пул

МИА Општински пул

15 април 2024

 

Скопје - Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 8 до 12 април зеде 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, број 183/18, се наведува во соопштението на претпријатието.

 

Струмица - Делегација од Општина Струмица беше во неколкудневна студиска посета на Ереван, Ерменија, каде се запознаваше со меѓународните практики во соработката помеѓу општините, бизнис заедницата и давателите на социјални услуги за унапредување на вработеноста на младите и нивна социјална интеграција.

Како што соопштија од Општината, студиската посета била дел од проектот на „СОС Детско село“- “Јакнење на младите за нови можности", кој ја зголемува вработеноста на младите во 6 региони во државата, а Општина Струмица е партнер во реализацијата на проектот.

-Приоритет од оваа студиска посета беа младите лица од ранливи категории, нивната вклученост во општествената и социјалната сфера, стои во информацијата од Општина Струмица.

Претставниците на Општина Струмица реализирале повеќе средби, меѓу кои, средба со заменик градоначалникот на Ереван, посета на Општина Ијеван во областа Тавуш, канцеларијата на правобранителот, како и други државни институции, младински и дневни центри, како и невладини организации.

Се додава дека по оваа посета, Општината заедно со „СОС Детско село“ ќе работи на креирање на активности за стратешка соработка со невладините организации од Струмица, „СОС Детско село“ и бизнис заедницата во насока на унапредување на вработеноста на младите од Општина Струмица и Југоисточниот плански регион.

 

Скопје - Без електрична енергија денеска од 9 до 11 часот ќе бидат жителите од село Градовци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Орешани, лоцирани во околината на реката Вардар, во општина Зелениково.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје. 

Остани поврзан