• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

3 октомври 2024 

 

Анкара - Собраниска делегација предводена од претседателот Африм Гаши во посета на Република Турција.

Скопје - Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, пратениците Марија Митева, Миле Лефков и Иванка Василевска  и Давор Пашовски, програмски менаџер во Фондацијата Конард Аденауер, ќе одржат средба со германскиот пратеник Петер Бауер. (Струшка сала/14:00)

Скопје - Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Јапонија ќе одржи средба со јапонскиот амбасадор Оцука Казуја. (Струшка сала/11:00)

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 16-тата седница. (сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/11:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари ќе присуствуваат на промоција на новиот апарат за магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“. (10:00, изјави за медиуми по посетата)

Скопје - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржи прес-конференција  по повод  100 дена нова Влада „100% посветени! За тебе“. (Медија центар на Влада/12:30)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“. (х.„Парк“/10:00)

Скопје - Уставниот суд ќе одржи јавна расправа по барањето за дискриминација по основ политичка припадност поднесено од Димитар Апасиев. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Втор ден од Eкономскиот форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024 во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион.  (х.„Мериот“, 2 кат, изјави за медиуми/9:30)

Скопје - Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски ќе ја отвори дводневната конференција, во организација на Стејт департмент и регионалната иницијатива Balkan Security Network (BSN) за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (ACW) на регионалната и меѓународната безбедност. (х. „Мериот“/11:30)

Скопје - Меѓународна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“ во организација на Центарот за глобални промени, истражувачка единица на Филозофскиот факултет. (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Директорот на „Виз Ер Скопски маратон“, Кире Синадиновски, претседателот на Сојузот на Спортови - Скопје, Зоран Стојановиќ, генералниот секретар на  Сојузот на спортови - Скопје, Гордана Николовска и министерот за спорт Борко Ристовски ќе одржат прес-конференција по повод јубилејното 20. издание на Виз Ер Скопски маратон. (СЦ „Јане Сандански“, конференциска сала/11:00)

Скопје - Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе одржи свечена академија по повод 75 години од основањето. (Филхармонија/18:00) 

Битола - Информативен ден на АД ЕСМ во РЕК Битола. (РЕК Битола/10:30)

Скопје - Прес-конференција на коалицијата „Менуваме заедно“ со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери. (Собрание/13:20)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. (Општина Кисела Вода/10:00)

Штип - Текстилијада 8 под мотото „Различни правци, иста цел” во организација на Гласен текстилец Штип. (Посета на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Технолошко-техничкиот факултет/10:30, посета на локална текстилна фабрика/12:00, состанок со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов/14:45,  литературен конкурс од ученици од основни и средни училишта во Штип/16:00)

Скопје - Средба со новинари на „Џифони Македонија“ по повод претстојното 12. издание на Фестивал на деца и млади. (х. „Холидеј ин“/10:00)

Скопје - Свечено доделување на наградата Анте Поповски – Антево перо“. (Музеј на македонската борба за самостојност/19:30) 

Скопје - Разговор со Срѓан Ивановиќ, автор на книгата на месецот „Писмa од лудница“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата на дигитални слики од Јана Луловска насловена „Effortless“. (КИЦ.Салон Империјал 1/20:00)

Струмица - Промоција на романот за деца „Дневникот од штрковото гнездо“ на Киро Донев. (Дом за деца и млади „Благој Мучето“/12:30)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова. (Центар за конференции и студии при НУБ Св. Климент Охридски/18:00)

Битола - Музички рецитал на „Интерфест“ со Огњен Поповиќ од Србија и Билјана Јашиќ Радовановиќ од Босна и Херцеговина. (Офицерски дом/20:00)

Скопје - „МСУ - Скопје фестивал на перформансот 2024“. (Музеј на современа уметност/18:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан