• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип обука на комуналните инспектори од 40 општини

Во Штип обука на комуналните инспектори од 40 општини

Штип, 22 нормври 2024 (МИА) - Недоволен број на комунални инспектори во општините, најмногу во руралните општини, каде што и нема вработени комунални инспектори,  како и малите надлежности се дел од проблемите на комуналните инспектори со кои се среќаваат во текот на нивното работење на терен. Стотина комунални инспектори од 40 општини од земјава денеска имаа обука, а воедно Здружението на комунални инспектори ја одржа и својата шеста седница.

Претседателот на Здружението на комунални инспектори на Република Северна Македонија, Борче Везенков вели дека на состанок разговарале за прекршочните одредби од Законот за јавна чистота. Везенков кој е комунален инспектор во Општина Штип вели дека во текот на годината имаат веќе 30 постапки за физички лица и шест постапки за правни лица.

-Најчесто казните се за одлагање на земја, градежен отпад на јавни површини, потоа од областа на Законот за јавна чистота, какошто е чување на живина и стока во градска средина, потоа се казнуваат и фирми коишто пренесуваат земја, вели Везенков.

Тој посочи дека во поголемите општини се подобрува бројот на комунални инспектори, конкретно во Штип имаат еден кандидат за комунален инспектор, кој треба да ги помине обуките.

-И во другите општини се зголемува бројот на инспектори, но знаете дека постапката трае околу една година. Можам да кажам дека во другите општини бројката е задоволителна, некои инспектори одат во пензија, доаѓаат нови. Недостиг на комунални инспектори има во малите рурални општини, а во нив нема инспектори и за други области, вели Везенков.

Комуналниот инспектор во Општина Битола, Сашо Илојовски вели дека комуналните инспектори постапуваат по сите претставки кои ги добиваат од страна на граѓаните. За 11 месеци имаат преку 1.000 предмети, а голем дел од нив се веќе и решени.

-Во Битола сме четворица комунални инспектори, двајца сме регуларно, а двајца има нови, којшто го обавуваат процесот на обука, а која трае една година за да ја земат соодветната лиценца, а имаме само еден инспектор за животна средина, вели Илојовски.

Инаку казните се ниски за граѓаните и фирмите, доколку некој е фатен како на јавна површина фрла градежен шут, а не на локацијата која е одредена од  општината треба да плати казна од 50 евра. вдј/дма/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан