• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

13 септември 2023 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 120 седница. (Сала „Македонија“ /12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала 4/13:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе изврши увид во отпочнување со градежни работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош (до Спортска сала „Наум Наумовски – Борче“, во Општина Карпош ул. „Љубљанска“ бб. (позади Сити Мол /10:30)

Скопје - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска,  директорката на Меѓународната фондација за изборни системи за Северна Македонија, Јоана Косма и Кјара Бискалди од Делегацијата на ЕУ ќе се обратат на тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“. (х.„Холидеј Ин“/10:00)

Скопје - Вицепремиерот за задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува на Регионалниот форум за социјално претприемништво, во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка - РИКО. (Рагуза руфтоп/ Изјави за медиуми /10:15). 

Брисел - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета на Брисел, при што ќе се сретне со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и високи претставници на ЕУ. 

Штип - Работилница на тема „Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ во организација на канцеларијата на Народниот правобранител. (Простории на Општина Штип/9:30)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9.30)

Скопје - Инвеститорски ден на Берзата, тргување со акции без провизии преку сите членки на Берзата.

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, ќе извршат увид на градежни активности (ул. Шарпланинска, населба Даме Груев), општина Ѓорче Петров. (12:00) По завршувањето на настанот изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Битола - Проекција на германскиот филм за деца „Рафи“ во режија на Аренд Агте во рамки на настанот „Кино за деца и млади“. (Кино „Манаки“/11:00)

Скопје - Премиера на претставата „Дримкечер“ во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова. (Кино Фросина – МКЦ/20:00)

Скопје - Концерт на пијанистката Дуња Иванова посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. (Филхармонија, камерна сала/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

Остани поврзан