• понеделник, 24 јуни 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

17 јуни 2024 

Скопје -  Работен  состанок за воведувањето на еврокодовите за проектантските и градежните компании (10:00)  по што следуваат изјави за медиуми на Кристинка Чулак, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите. (Стопанска комора на Северна Македонија/11:30

Велес - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се обрати на свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“. (театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“/13:00

Скопје - Центарот за управување со кризи (ЦУК) организира координативен состанок за опасноста од уривањето на ѕид во Клиничкиот центар на претставници на Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар (простории на ЦУК/12:00, изјави за медиуми 13:00)  

Скопје -  Предавање на јапонскиот професор Јуџи Јамада „Трансформации нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија. (Институтот за етнологија и антропологија /10:00)

Скопје - Отворање на мултимедијалната изложба AeternaNova на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. (Национална галерија Мала станица/20:00

Скопје - Отворање на изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов. (Младински културен центар/19:30) 

Скопје -  Со „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година Кинотека стартува со филмски проекции по повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо. (Кинотека/20:00

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан