• четврток, 18 јули 2024
МИА Најави МКД

24 јуни 2024 

Скопје - Собранието ќе ја одржи осмата седница. (Сала Македонија/11:00) 

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со претставници на Фондацијата за демократија на Вестминстер. (Сала на Влада/10:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска и Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, ќе се обратат на започнувањето на најголемиот проект за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи. (хотел Double Tree Hilton/11:30)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи на прес- конференција на која ќе бидат презентирани резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција. (Простории на Стопанската комора на Северна Македонија во сала 4 на 5-ти кат/11:00) 

Скопје - Завршна конференција на проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“. (хотел Мериот/ 11:00/Периодот за изјави за медиумите е од 10:45 до 11:00 часот)

Скопје - Младински образовен форум (МОФ) ќе ги промовира клучните наоди и препораки од истражувањето „Неискористен студентски потенцијал: истражување за стапката на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитетите кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа“. (Јавна соба/12:00)

Скопје - Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. (12:00)

Демир Хисар (с. Слоештица) - Настан по повод чествувањето на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски во неговото родно село и вечното почивалиште - с. Слоештица, Демир Хисар во организција на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ - ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола. (13:00)

Скопје - ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе го промовира своето издание „Антологија на иднината“ – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година. (Паркот на поезијата (дворот на библиотеката)/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Пејзаж на типината“ од авторката Маја Николовска. (ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ - голем салон, ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје/20:00)

Скопје - Баскет перформанс на кошаркарите на Работнички, прв од серијата настани наменети за сите деца и млади под мотото ,,На одмор сум во Скопје сум“ на Општина Центар . (Парк Капиштец/19:00)

Скопје - Финале на националните натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP) на кои ќе учествуваат натпреварувачи од средните училишта во земјава. (Посториите на Семос Едукација/ Прогласување на победници/11:30) 

____________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

                                  

     

 

 


 

Остани поврзан