• сабота, 11 мај 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 април 2024 

Прилеп - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе оствари работна посета на ОВР Прилеп и организациските единици во состав на одделението. (Изјава за медиуми пред Одделението за внатрешни работи Прилеп/13:45)

Велес - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во работна посета на Велес и Чашка, каде што ќе оствари средби со раководствата на СВР Велес и Полициско одделение Чашка. (Изјава за медиумите пред објектот на СВР Велес/11:30)

Прилеп - Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посети Центарот за социјална работа во Општина Прилеп. (Изјави за медиуми/14:30)

 

Скопје - Средба на Националниот совет за евроинтеграции со пратеници од Врховната Рада на Украина - Михаило Борисович Радутскиј, претседател на Комисијата за јавно здравје, медицинска нега и здравствено осигурување и Олга Анатоливна Стефанишина, претседавачка на Поткомисијата за адаптација на законодавството на Украина со правото на Европската Унија. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Прва конференција за борба против корупција на тема „Јавни набавки - сегашна состојба, слабости, ризици, превенција и борба против корупција во организација на Германската високо образовна институција - Институтот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ во соработка со Првата македонска банкарска академија - АБИТ.  (Факултет ХАЈДЕЛБЕРГ, ул. „3та Македонска бригада“ бр.10/9:30) 

Велес - Посета на германската инвестиција Маркарт во Велес. (Маркарт Македонија, Вардарска 3, с.Долно Караслари/10:00, тргнување од Скопје пред фонтаната Лотосов цвет во Градски парк/9:00)

Скопје - Амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду и директорот на МФФ Киненова, Небојша Јовановиќ ќе се обратат на прес-конференција на Фестивалот на грчки филм. (EU House/11:00)

Битола - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвора Еразмус+инфо центар кој ќе претставува креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица. (18:00)

Скопје - Прес-конференција  на Коалиција “ВРЕДИ”. (Канцеларии на Коалицијата на плоштад Скендербег/13:00)

Скопје - Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов. (Скопје сити мол, „Литература.мк“/18:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. (Музеј на современата уметност/19:30)

Скопје - Концерт „Светлина“ со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски. (Филхармонија/20:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје - Промоција на изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. (ул. „Никола Вапцаров“ во близина на плоштад „Македонија“12:00, изјави за медиумите/12:30, пристигнување на медиумите/11:45)

Прилеп - Изборниот караван на Стево Пендаровски со централен митинг во Прилеп. (20:00)

-Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе ги посети општините Кривогаштани (17:30) и Крушево (18:30) 

 Скопје - Кандидатот за претседател на коалицијата Европски фронт, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција. (Пред претседателската вила во населба Водно/11:00)

Скопје - ВМРО-ДПМНЕ организира митинг под мотото „Македонија повторно твоја“. (пред Влада /20:00)

Крушево - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево каде ќе ја презентира програмата под наслов Манифест за Македонија. (Пред споменикот Македониум/13:00)

-Пристигнување пред платото на споменикот Македониум и полагање цвеќе пред гробот на Никола Карев (Максим Димитриевски, Весна Бендевска и Миха Оџаклиески/12:00-12:30)

-Посета на Спомен куќата на Тоше Проески (13:40) како и на најстарата продавница за локум „Тагас Балкан“, и неколку
останати околни продавнички со долга традиција (14:15).

- Мини собир на Градски плоштад пред штандот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија. (14:45)

Скопје - Прес-конференција на која ќе биде презентирана Изборната програма на претседателскиот кандидат Билјана Ванковска. (Претседателски изборен штаб, бул. 11 Октомври бр.23А/3 приземје, на самата раскрсница на Црвен крст/10:00)

Струмица - Кандидатката за претседател Билјана Ванковска, претседателот на Левица и носител на ИЕ 1,  Димитар Апасиев,  и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“. (19:30)

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан