• вторник, 23 јули 2024

МЗ во Појасот Газа: Убиени околу 18.000 Палестинци од почетокот на конфликтот

МЗ во Појасот Газа: Убиени околу 18.000 Палестинци од почетокот на конфликтот

Газа, 10 декември 2023 (МИА) - Од почетокот на израелските напади врз Газа се убиени околу 18 илјади Палестинци, а 49.500 се повредени, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф Ал-Кидра.

Тој изјави дека во последните 24 часа има 297 загинати и повеќе од 550 ранети Палестинци.

Израелските сили претходно денеска објавија дека од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници ги загубиле животите, а 1.593 се ранети.

Од 1.593 ранети Израелци, 255 се тешко ранети, 446 се со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави Тајмс оф Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан