• сабота, 21 декември 2024

Фијала: Европа да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД

Фијала: Европа да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД

Прага, 23 јули 2024 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Фијала денеска апелираше до Европската унија да биде подготвена за двата можни исхода од претседателските избори во САД и повеќе да се грижи за сопствената безбедност.

„Јас долго време тврдам, дури и пред Бајден да се повлече од кампањата, дека Европа мора да биде подготвена за двата исхода и дека Европа мора повеќе да се грижи за сопствената безбедност, да застане повеќе на свои нозе и во оние прашања во кои ние со децении се спротивставивме на фактот дека за САД одбраната на Европа е приоритет“, вели Фијала во интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Чешкиот премиер предупреди дека предизборните дебати во САД покажуваат дека Американците имаат различни приоритети и интереси во другите делови на светот, а тоа Европа, како што рече, мора да го земе предвид.

Фијала повтори дека Украина не се бори само за сопствената безбедност во војната со Русија, туку и за безбедноста на Чесите и Европејците.

„Ако Русија ги постигне своите цели и ја окупира Украина, тоа нема да биде нејзин последен агресивен чекор“, изјави чешкиот премиер. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан