• понеделник, 23 декември 2024

Хутите се заканија со напади врз израелските пристаништа и нафтените полиња

Хутите се заканија со напади врз израелските пристаништа и нафтените полиња

Тел Авив, 23 јули 2024 (МИА) - Хутите, кои уживаат поддршка од Иран, денеска се заканија со напади врз израелските пристаништа и нафтените полиња, како и со нови прекини во поморскиот сообраќај, според извори од главниот град на Јемен, Сана, цитирани од весникот „Ал-Акбар“, близок до либанскиот Хезболах.

Воените лидери на Хутите додадоа нови цели на нивната листа со цели како одговор на израелските одмазднички напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите, по нападот со беспилотно летало врз Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.

Се вели дека Хутите планираат да ги нападнат израелските медитерански пристаништа Ашдод, Ашкелон и Хаифа, како и пристаништето Еилат на Црвеното Море. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан