• четврток, 09 април 2026

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле

Москва, 9 април 2026 (МИА) - Русија денеска соопшти дека тврдењето на украинската разузнавачка служба дека руските и иранските хакери се здружиле е неточно.

„Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичката организација во Киев“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Москва, Марија Захарова.

Таа ја обвини Украина за масовни кибер напади врз Русија, пренесуваат британските медиуми.сд/аб/

Фото:МИА архива

Остани поврзан