• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 

Лондон, 17 април 2025 (МИА) – Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан