• петок, 05 декември 2025

Зајков нов фудбалер на Ајман

Зајков нов фудбалер на Ајман

 

Ајман, 13 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков ја продолжува кариерата во Обединетите Арапски Емирати, откако денеска потпиша договор со прволигашот Ајман.

Зајков се пресели во Обединетите Арапски Емирати без обесштетување откако му истече договорот со романска Универзитатеа Крајова.

Триесетгодишниот македонски репрезентативен стопер го носеше дресот на романскиот клуб изминатите три сезони во кои одигра 59 натпревари за клубот од Крајова.

Зајков, кој во националниот дрес досега зад себе има 39 натпревари, на клупски план настапуваше и за Работнички, Ворскла, Шарлроа, Левски и софиска Славија. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан