• петок, 05 декември 2025

Дејвис куп: Македонија со максимални 3-0 ја совлада Ерменија

Дејвис куп: Македонија со максимални 3-0 ја совлада Ерменија

 

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) – Македонската Дејвис куп репрезентација со максимални 3:0 го заврши дуелот од 4. коло од Третата Европска група на Дејвис купот против Ерменија што се игра во Скопје.

По двете сингл победи на Стефан Мицов против Микаел Аванесјан и на Калин Ивановски против Микаел Аветисјан, победата беше комплетирана со триумф во игра на двојки за максимални 3:0, откако Ивановски и Мицов ги совладаа Самуел Агајан и Аветик Газарјан со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) за еден час и 11 минути игра.

Македонската комбинација првиот сет го доби со еден брејк во деветтиот гем кога при резултат 4:4 успеаја да го одземат сервисот на ривалите. Слична слика беше и во вториот сет, во кој по 2:2 во гемови Калин и Стефан направија брејк за 3:2, а потоа и во деветтиот гем имаа уште еден брејк за 6:3.

На другите два дуела од 4. коло: Летонија – Молдавија 2:1 и Црна Гора – Малта 3:0.

ТАБЕЛА: Летонија 4-0 (победи / порази); Црна Гора 3-1, Македонија 3-1, Молдавија 2-2, Малта 0-4 и Ерменија 0-4.

Утре во последното коло играат: Македонија – Летонија, Црна Гора – Молдавија и Малта – Ерменија.ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан