• четврток, 04 декември 2025

Верстапен најбрз на првиот слободен тренинг во Канада

Верстапен најбрз на првиот слободен тренинг во Канада

 

Монтреал, 13 јуни 2025 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз вечерва на првиот слободен тренинг пред неделната трка за Големата награда на Канада во Формула 1.

Четирикратниот последователен светски шампион го извозе најбрзиот круг со време од 1:13.193 минути на патеката во Монтреал.

Возачот на Вилијамс, Александар Албон, заостана 0,039 секунди зад Верстапен, додека неговиот клупски колега Карлос Саинц го постигна третото најбрзо време со заостанување од 0,082 секунди.

Тренингот беше обележан со инцидент во 15. минута, кога Леклер излета од патеката, удирајќи во заштитниот ѕид.

Трката во Канада ќе биде 10 оваа сезона во шампионатот на Формула 1, а почетокот е закажан за в недела од 20.00 часот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан