• сабота, 04 мај 2024

МВР: 109 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Штип, 13 за возење под дејство на алкохол

МВР: 109 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Штип, 13 за возење под дејство на алкохол

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 109 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 53 во населено место.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 28 на подрачјето на Штип, 22 Делчево, 18 Кочани, 16 Виница, 10 Пробиштип, 10 Свети Николе и 5 Берово.

Ноќта меѓу 18 и 19 март, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа, санкционирани се 13 возачи. Санкционирани биле и 22 други видови прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, две за нерегистрирано возило, четири за возач почетник и пет за некористење сигурносен појас. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан