• недела, 22 декември 2024

Крмов: Посебен закон за рударите со кој ќе имаат повеќе привилегии за одење во пензија

Крмов: Посебен закон за рударите со кој ќе имаат повеќе привилегии за одење во пензија

Македонска Каменица, 4 мај 2024 (МИА) - Носителот на кандидатската листа на „Левица“ во Третата изборна единица Борислав Крмов денеска ја претстави изборната програма пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево.

За Македонска Каменица како рударска општина вети посебен закон со кој рударите ќе имаат поголеми привилегии при заминување во пензија, а во Делчево најави изградба на обиколница и на патот Разловци-Митрашинци. 

- Како што сум информиран, рударите одат во пензија со 27-годишна работа и 13 години бенефициран стаж. Во ниедна држава не е така, ќе предложиме нов закон во Собранието за  20 години стаж со 10 години бенефициран стаж, истакна Крмов.

При посетата на Делчево оствари средба со граѓани на градскиот пазар каде рече дека ќе се залага за подобра патна инфраструктура.

- Најважни за Делчево се инфаструктурните проекти, на пример обиколницата која не е направена, а тоа е многу важно за да нема гужви во градскиот сообраќај, значи сите кои патуваат за Бугарија да не мора да влегуваат во Делчево, понатаму брзиот експресен пат, регионалниот пат до Кочани преку Бигла и преку Калиманци исто така треба да се направи, рече Крмов.

Посебен акцент, како што додаде, ќе се стави на намалување на стапката на иселување.

Крмов денеска во Делчево оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк. вс/бак/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан