Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, ЗНАМ нуди мерки што тоа ќе го овозможат
- Две гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027 во државна сопственост и почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна четири месеци по формирањето на новата Влада, најавуваат од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.
Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Две гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО
Неготино), до мај 2027 во државна сопственост и почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна четири месеци по
формирањето на новата Влада, најавуваат од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.
Атанаско Тунески од Движењето ЗНАМ денеска на прес-конференција рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самостојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.
Дел од изборната програма на ЗНАМ во делот на енергетиката е и изборот на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна две години по формирањето на новата Влада, како и завршување на изградбата на гасоводите Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција.
Тунески посочи дека ќе се залагаат и за зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30 проценти во однос на 2023-та
година, како и за намалување на трошоците за производство на електрична енергија во
енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25 проценти во однос
на минатата година.
Реализацијата на овие цели, како што посочи, ќе овозможат енергетска независност на државата преку зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна
сопственост. бак/
Фото: ЗНАМ