• среда, 22 мај 2024

МВР: Приведени двајца крадци во Гостивар

МВР: Приведени двајца крадци во Гостивар

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 11:40 часот и во 13:40 часот во Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(40) од село Вруток, гостиварско и А.К.(42) од Скопје, со престој во Гостивар.

Како што информира МВР, тие се сомничат дека на 07.12.2023 извршиле тешка кражба во угостителски објект во Гостивар, од каде одзеле пари. 

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан