Честитка до претседателката Давкова од Сојузот на Македонците со исламска религија
- Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР, упати честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.
![Честитка до претседателката Давкова од Сојузот на Македонците со исламска религија](https://mia.mk/images/20240521202922_big_730x400_13.webp )
Дебар, 21 мај 2024 (МИА) - Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР, упати честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.
Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија, стои во честитката, е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство.
-Веруваме дека со успех ќе ја водите државата и ќе покажете дека успешно може да се оди и кон Европа но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, се наведува во честитката потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР. вт/аа/
Фото: МИА архива