• недела, 22 декември 2024

Судскиот совет расправа за одземање на имунитет на врховниот судија, јавноста исклучена

Судскиот совет расправа за одземање на имунитет на врховниот судија, јавноста исклучена

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Судскиот совет вечерва одлучи да биде затворена за јавност седницата на која расправа по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот и за одобрување на притвор на врховниот судија кој се сомничи за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Одлуката да биде седницата затворена беше донесена едносгласно заради заштита на угледот и интегритетот на судијата, согласно член 39 став 2 од Законот за Судски совет.

Оттаму најавија соопштение за одлуката што ќе ја донесат по расправата.  

Итната седница на Судскиот совет беше свикана по барање на Основниот кривичен суд за одземање на судскиот имунитет на судијата и за одобрување на мерка притвор. 

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е уапсен врховен судија поради основано сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Судијата, како што информираше МВР, е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Уапсениот судија има право да се повика на судскиот имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. ар/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан