• сабота, 22 јуни 2024
МИА Најави МКД

 22 мај 2024 

Скопје - Прес-конференција на Државната изборна комисија за првичните неофицијални резултати од прегласувањето на седумте избирачки места за парламентарните избори. (ДИК/20:00)

Скопје - Прес-конференции на ЦИВИЛ за прегласувањето за Парламентарните избори. (Прес центар на ЦИВИЛ, на македонски/12:00/17:00/20:00, на албански/12:30/17:30/20:30, во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube)

Скопје - Конференција насловена „Што ни донесе 20 години членство во ЕУ на економски план“, во организација на Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија и Здружението на словенечки и македонски бизнисмени. (х„Лимак“/18:00)

Скопје - Форум за Филантропија во организација на Конект како дел од Проектот на УСАИД Партнерства за донирање. (х.„Хилтон“/10:00, изјави за медиумите/11:00)

Скопје - Презентација на конечните ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“ во организација на Државен завод за ревизија. (х.„Холидеј ин“/9:30, изјави за медиумите/9:00)

Скопје - Настан за "Зајакнување на свеста – имплементација на ISO 50001 како алатка за заштеда на енергија и енергетска ефикасност", во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Институт за стандардизација на Република Северна Македонија -  ИСРСМ. (ССКМ ул.Црвена скопска општина бр.10, сала за состаноци, втор кат/09:00)

Скопје - Конференција за комерцијални недвижности во организација на ФОРТОНМКА. (х.„Хилтон“/9:00)

Скопје - Прес-конференција на Шпаркасе банка. (Центар за обука на Шпаркасе Банка во Автокоманда, ул. Трифун Хаџијанев бр.10/11:00)

Скопје - Локална конференција „Кисела Вода - Општина посветена на децата“ во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. (р.„Градина“/9:00)

Скопје - Прес-конференција на Синдикалните организации на Македонска пошта. (Пред  латото на Дирекцијата на Македонска пошта/10:00)

Скопје - Официјално предавање во употреба на новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати. (Круг на ОКТА/11:00, организиран превоз кој тргнува спроти х.„Холидеј Ин“/10:00) 

Велес - Настан „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар. (Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“, мала сцена / 12:00, изјави за медиуми во 11:30)

Скопје - Промоција на поетската збирка „Килибар и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска. (Салон Империјал 1/19:19)

Штип - Промоција на книгата „Во сенка на вистината“ на Душко Цацков. (Свечена сала на Факултетот за Образовни науки/11:00)

Скопје - Почнува првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. (Средно Водно/11:00) 

Скопје - Настан Боцкаме на Кирилица во организација на порталот trn.mkн. (КЦ Бруталиск/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Студентска графика-Драгутин Аврамовски-Гуте“ во организација на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и трансмедиумски практики и  Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“. (Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“, Факултет за ликовни уметности, објект Сули ан, Стара скопска чаршија/20:00)

Скопје -  Меѓународен фестивал "Книжевен круг" на кој ќе бидат врачени наградите  “Литературни координати”. (Културен центар “Феникс”/19:00)

Скопје - Концерт под наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“ во организација на Јуроп хаус по повод Денот на Европа. (Плато пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан