• среда, 01 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - На 01.04.2024 во 02.00 часот на  ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници.

Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно  документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци.

При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција  ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.  Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 31.03.2024 во 15.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024  во 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024 во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Г.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03 2024 во населба Варош во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.О.(37) и Н.Ќ.(28), двајцата од Ресен и Г.Ц.(38) од Прилеп затоа што при преглед кај нив, кај Н.Ќ. била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.А.(25) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени  сигнален пиштол и празна рамка за пиштолот.

Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Нa 31.03.2024 во 12.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица привеле четири лица од Непал поради незаконски престој во државата.

Тие биле предадени на судија во Основен суд Гевгелија за понатамошна постапка.  

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон...

Вчера (31 март) од 08.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што возат побрзо од дозволеното.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина регистрирани се надвор од населено место (ТЕ-65 и ГВ-67), од кои 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5) пречекориле за над 70 километри на час, 27 возачи (ТЕ-14 и ГВ-13) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-48 и ГВ-8), од кои 2 возачи (ТЕ) пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4).  На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол...

На 31.03.2024 околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“  во Штип, патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На 31.03.2024 околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“  во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На 31.01.2024 во 19.00 часот во ОВР Прилеп, Г.К.(42) од Прилеп пријавил дека на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ бил каснат од куче скитник.

На 31.03.2024 во 12.50 часот во СВР Куманово, Д.К.(34) од Куманово пријавил дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово бил каснат од куче скитник.  сст/

Остани поврзан