Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
- Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор - Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.
Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор - Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, полицијата по преземени оперативни мерки и активности вчера го лишила од слобода И.Ј.(37) од Скопје.
При претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога. мд/дма/
Фото: МВР