ВМРО-ДПМНЕ. Љубица Јанчева од СДС треба да престане да ја лаже јавноста и грубо да ја дезинформира
- СООПШТЕНИЕ - Реакција на прес-конференцијата на Љубица Јанчева
21 јануари 2025
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема изгласано никакво намалување на средствата за борба против загадување на воздухот. Единствената гласачка машинерија во Град Скопје на Данела Арсовска е СДС, ДУИ и Левица. Сите прашања врзани со тоа треба да ги постават на друга врата.
Воедно може и да одговорат зошто како 7 годишна власт не превземаа ништо за почист воздух. Ниту пак имаа некаква активна мерка.
Воедно СДС може одговорите за Град Скопје да ги добијат на некоја од тајните средби со данела одржани во Град Скопје или преку посредниците од Левица.
Не планираме битката за почист воздух да ја сведеме на подавање на топка меѓу партиите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.